Razer е познат по своите гејминг периферни уреди и компјутери/лаптопи наменети за играње. Компанијата со години имплементира Intel процесори во своите лаптопи, но ова наскоро може да се промени. Според дојавувачот @_rogame, откриен е 3D Mark бенчмарк за Razer лаптопот со AMD Ryzen 5000 серијата Cezanne мобилни процесори.
Под името Razer PI411, овој систем е првиот лаптоп на компанијата базиран на AMD. Иако не се познати премногу детали за уредот, постојат основни информации за спецификациите. Лаптопот има AMD Ryzen 9 5900HX мобилен процесор што може да се оверклокува, како и TDP од 45W.
Графичката карта на лаптопот е GeForce RTX 3060, а достапни се и 16GB RAM и 512GB простор. Кодното име на лаптопот PI411 сугерира дека можеби ќе има 14-инчен дисплеј.
Со оглед на тоа што Razer досега никогаш немал опција на лаптоп со AMD процесор, можно е дека PI411 е само инженерски прототип со кој компанијата експериментира, па ќе мора да почекаме некое време за да видиме дали лаптопот ќе биде комерцијализиран.