Д-р Сергеј Бољевиќ објаснува сè што треба да знаеме за руската вакцина против коронавирусот – Спутник V.
Шефот на катедрата за патологија на Универзитетот во Москва и член на преговарачкиот тим за набавка на руски вакцини во Црна Гора, Сергеј, изјавил дека очекува руската вакцина Спутник V да добие дозвола за употреба во ЕУ.
Тој појаснил дека е докажано дека вакцината АстраЗенека предизвикува згрутчувања во крвта, но дека најтешки се последиците на алергиски реакции кои ги предизвикуваат вакцините Фајзер и Модерна, пренесува „Радиотелевизија Црна Гора“.
„Луѓето кои што се вакцинираат со Спутник V може да добијат благи непосакувани симптоми, како што се болки во рацете, зглобовите и мускулите. Може да се добие и зголемена телесна температура до 38 степени. Тие симптоми можат да траат неколку часа, максимум еден ден. Во однос на сите останати вакцини, нуспојавите кај Спутник V се најблаги“, истакнал докторот.
„Кога станува збор за вакцината АстраЗенека, докажано е дека таа е ефикасна до 70 отсто кај граѓаните до 55 години“, додал докторот.
Инаку, д-р Бољевиќ е по потекло од Црна Гора, специјалист е по патофизиологија и пулмологија и во ноември минатата година самиот тој ја примил вакцината Спутник V против коронавирусот.
Извор: Srbija Danas