Маркетинг тимот на компанијата очигледно завршил добра работа, бидејќи оваа вест помпезно ја пренесоа сите американски медиуми, но и во Европа, Балканот…
Испораките на електричните ИД модели на германската автомобилска компанија – на американскиот пазар – започнаа во март, а потоа протекоа информации дека би требало да се продаваат под нова марка, т.е. под ново име, а тоа е Voltswagen.
Сепак, ништо од тоа. Германскиот автогигант не го менува своето име по 83 години, туку сето тоа било само првоаприлска шега, сега велат од Volkswagen. Поточно, се споменуваше промена на името на филијалата во САД, која во иднина би се нарекувала Voltswagen America.
Маркетинг тимот на компанијата очигледно завршил добра работа, со оглед на тоа дека оваа вест помпезно ја пренесоа сите американски медиуми, но и во Европа, Балканот…. Објавата за промена на името, објавена од неименуван извор од VW во текот на вчерашниот ден, е дизајнирана во духот на Светскиот ден на шегата, кој се слави секој 1 април, со цел да се сврти вниманието кон лансирањето на целосно електричниот SUV ID.4.
Тоа е она што Мајк Толберт, портпарол на компанијата во САД, го изјави за CNBC. Volkswagen треба да објави дополнително соопштени во кое ќе ја објасни својата маркетинг стратегија.