Huawei официјално влезе на пазарот на десктоп монитори со објавувањето на својот 23-инчен IPS дисплеј, наречен Huawei Display 23.8”.
Мониторот има 23,8-инчен панел, со резолуција 1920 x 1080p и нуди 72 проценти покриеност на NTSC спектарот на бои, со агли на гледање од 178 степени. Друга карактеристика е вертикалното навалување од пет до 22 степени.
Портовите за конекција ги сочинуваат се DC, влез, како и HDMI и VGA приклучок. Пакувањето вклучува адаптер за напојување и 1,5-метарски HDMI кабел. Димензиите на мониторот изнесуваат 538,5 x 425 x 170 мм, со тежина од 4,05 килограми.
Панелот има TÜV Rheinland сертификат за намалување на емитувањето на сина светлина и безбедноста на очите. Брзината на освежување е 60Hz, максималната осветленост е 250 нита, а контрастот изнесува 1000:1.
Huawei Display 23.8″ пристигнува во црна боја, а од 14 април ќе се продава преку продавницата на Huawei. Цената на мониторот за европскиот пазар изнесува 159 евра.