Двете појави – стекнувањето на имунитет и нуспојавите – се резултат на низа предупредувања во имунолошкиот систем по инјекцијата. Но, тоа не значи дека е нужно да се појават несакани ефекти.
Милиони луѓе што примиле вакцина против Ковид-19 доживеале несакани ефекти и ова, според експертите, е добар знак дека имунолошкиот систем се подготвува да одговори во случај на зараза со Ковид-19, но доколку и овие знаци се отсутни, тогаш нема потреба од грижа, велат експертите.
Според нив, краткиот одговор е „не“, односно нема потреба од грижа бидејќи недостигит на реакција не значи дека лицето е незаштитено, изјавија тројца експерти: Пол Офит, директор на Центарот за вакцини во Детската болница во Филаделфија, Глен Рол, имунолог од Центарот за карцином „Фокс Чејс“, исто така од Филаделфија, и Сара Колс, семеен лекар и доцент на Медицинскиот колеџ на Универзитетот во Аризона.
„Вакцината дејствува и ако немате несакани ефекти“, рече Колс истакнувајќи дека многумина имаат несакани ефекти, а многумина немаат.
Отсуството на главоболка или треска не е причина за загриженост, вели Пол Офит, објаснувајќи дека сигурно не мора да имате несакани ефекти за да знаете дека сте заштитени од Ковид-19.
Со други зборови, велат упатените, двете појави, стекнување имунитет и несакани ефекти, се резултат на низа предупредувања во имунитетот по инјекцијата. Но, само затоа што првичното воспаление успешно го стимулирало производството на антитела и друг вид одбрана против болеста не значи дека нужно мора да предизвика треска.
Нема строга корелација помеѓу нив, вели Колс, претседател на Комисијата за јавно здравје и наука на Американската академија за семејни лекари.
Дали луѓето ќе имаат несакани ефекти зависи и од други фактори, освен од нивниот имунолошки систем, а тоа се замор, стрес и начинот на кој ја доживуваат болката, објаснува Колс.
Процентот на разни реакции варира од вакцина до вакцина против Ковид-19, а кај вакцините со две дози тие се јавуваат почесто по втората доза.
На пример, со „Фајзер/Бионтек“ во клиничките испитувања 3,7 проценти од учесниците на возраст од 18 до 55 години имале треска по првата доза и 15,8 проценти по втората.
Половина од примателите имаа главоболки по втората доза, но беа главно умерени или благи. Сите овие ефекти се минливи и обично траат еден или два дена, посочуваат експертите.
Според нив, во ретки случаи се појавува посериозна алергиска реакција наречена анафилакса за неколку минути по инјекцијата и лекарите може да бидат подготвени да интервенираат со „епипен“ (автоматски уред за инјектирање адреналин) или сличен уред што содржи епинефрин.