ARM чиповите се присутни насекаде – од телефони до лаптопи, а се наоѓаат и во некои cloud сервери кои покренуваат голем број онлајн сервиси на кои се потпираме секој ден. ARM сака дизајнот на компанијата да биде присутен и во следните години, благодарение на првата нова архитектура во последната деценија – ARMv9.
ARMv9 ја вклучува новата Confidential Compute архитектура на компанијата, односно CCA. Ова ќе го овозможи новиот Realms концепт. ARM истакнува дека апликациите ќе можат да го користат Realms за заштита на својот код и приватните податоци што ги обработуваат, со извршување на поинакво опкружување на останатиот софтвер.
Sparking the World's Potential. pic.twitter.com/wg8jCS31k0
— Arm (@Arm) March 29, 2021
ARMv9 чиповите ќе ја имаат и најновата верзија на Scalable Vector Extensions (SVE) технологијата. ARM ја разви со помош на Fujitsu, а истакнува дека новата SVE2 платформа за ARMv9 ќе обезбеди предност во 5G процесирањето, машинското учење како и обработкатана виртуелнтаа и проширена реалност локално на корисничките компјутери.
Кога станува збор за сировата процесорска сила, ARM тврди дека v9 ќе овозможи подобрување на перформансите за повеќе од 30 проценти за следната генерација мобилни и cloud процесори.
ARM не истакна кога првите ARMv9 чипови ќе им бидат достапни на корисниците, но тврди дека v9 ќе покренува 300 милијарди чипови базирани на ARM. Компанијата проценува дека, врз основа на стапката со која се ARM чиповите се испорачуваат во овој момент, дури 100 процентиод сите споделени податоци во светот наскоро ќе бидат обработувани од ARM чиповите, било на индивидуални уреди или во облак.