Апликацијата Google Maps како дел од борбата против климатските промени, ќе почне да ги насочува возачите по патиштата за кои се проценува дека најмалку предизвикуваат испуштање јаглерод врз основа на сообраќајот, падините и други фактори, соопшти компанијата.
„За околу половина од патиштата, ние сме во состојба да најдеме доволно еколошки податоци со минимално или никакво губење време“, рече Расел Дикер, директор за производство.
Во соопштението се вели дека функцијата ќе биде покрената кон крајот на годинава во САД, а потоа и во други земји. Сѐ тоа како дел од посветеноста на компанијата да помогне во борбата против климатските промени, со своите услуги.
Натаму, Google прави релативни проценки на емисиите со тестирање на различни типови возила и патишта, потпирајќи се на податоците од Националната лабораторија за обновлива енергија на САД (НЛОЕ). Податоците за патот доаѓаат од проектот „Стрит вју“, како и од воздушни и сателитски снимки.
Од јуни, Google Maps ќе почне со инструкции за возачите низ зони со ниски емисии, каде што некои возила се забранети во Германија, Франција, Холандија, Шпанија и Велика Британија. Следните месеци, корисниците на „Мапс“ ќе можат да споредуваат автомобил, велосипед, јавен превоз и други начини на превоз на едно место, наместо само да избираат меѓу различни патишта.