Директорот на компанијата Razer, Мин Лианг Тан потврди дека проектот Hazel ќе стане реалност, односно дека паметната RGB маска ќе биде произведена.
Се работи за еден од концептните уреди коишто Razer ги претстави на саемот CES претходно годинава. Тоа се всушност маски со RGB светло наречени Project Hazel. Маската на Razer поради осветлувањето е проѕирна, а опремена е и со микрофон и звучник, кои го засилуваат гласот кога лицето зборува.
Се очекува декса маската ќе биде ефикасна како и N95 маската со бактериски филтер, која сопира 95 проценти од честичките во воздухот. Исто така, ќе може да се подесува за што е можно подобро потпирање на лицето, а ќе има и можност за елиминација на јаглерод диоксид и внесување на свеж воздух.
Кога ќе почне производството на маските, засега не е познато.