Телескопот на Американската вселенска агенција под името TESS ги надмина очекувањата и досега пронајде повеќе од 2.000 потенцијални планети.
TESS својата мисија ја почна во 2018 година, а меѓу 2.200 планети кои ги пронајде стотина се помали и меѓу нив има слични карпести светови како Земјата. Сепак, тоа не мора да значи дека се населиви.
Очекувањата беа дека TESS ќе пронајде околу 1.600 планети во првите две години, но целта е значително надмината.
Досега се потврдени 120 планети, а NASA се надева дека со помош на вселенскиот телескоп James Webb би можело во иднина детално да се проучат планетите.
Извор: Klix.ba
Поврзани артикли