Дека идејата за запирање на астероидите со проектили е многу привлечна покажаа бројни популарни филмови, но и планот на NASA за да ги пренасочи можните астероиди кои би биле на пат да ја загрозат Земјата.
Италијанскиот астроном и математичар, Клаудио Маконе, има интересен предлог за да можеме да ја заштитиме Земјата од астероиди кои би можеле да се приближат премногу и со тоа да се загрози безбедноста на целата планета.
За прашањето на планетарната одбрана, како што тој го нарекува своето решение, Маконе работи скоро две децении и објави неколку студии во тој период. Најновата, објавена оваа недела, која сè уште не поминала стручен преглед, предлага создавање орбитални ракети кои, во теорија, би можеле да заштитат кој било дел од Земјата од удар на помалите астероиди.
Меконе ја воведе планетарната одбрана во 2002 година во своето истражување во кое тој предложи испраќање на вооружено летало до Лагрангеовата точка, место каде што гравитационото влијание на Месечината и Земјата е приближно еднакво, што ќе овозможи стабилна орбита за лансирање ракети. Неговиот предлог е да се испука кон астероидот „доволен број проектили, во низа“ што ќе предизвика „мали, но доволни удари“ да го исфрли астероидот од опасна траекторија кој и се заканува на Земјата.
Дека идејата за запирање на астероидите со проектили е многу привлечна покажаа бројни популарни филмови, но и планот на NASA да ги пренасочи можните астероиди кои би биле на пат да ја загрозат Земјата.
Но, истражувањето на Маконе, барем во теорија, се занимава со потенцијални ситуации во кои лансирањето на проектилот оди во погрешен правец и и се заканува на Земјата. Лансирањето ракети од вселената, односно од Лагрангеовата точка, во голема мера би го намалило тој ризик.
Единствено прашање е колку би чинел ваков систем, колку всушност би се користел и кој на крајот би го финансирал и активирал.
Извор: Zimo.hr