Некои генетски предиспозиции се виновни за фактот дека кај некои луѓе со Ковид-19 се развиваат тешки форми на зараза, потврди истражувањето на италијанските научници, чии резултати ги објави весникот наменет за медицинскиот персонал „Популар сајенс“.
Научниците своето истражување го темелеа на примерок од 1.700.000 податоци зачувани во меѓународниот центар „Ковид-19 хост генетикс инишитив“, кој вклучува 143 истражувачки центри од целиот свет.
Значењето на ова истражување е тоа што ќе им овозможи на научниците и медицинскиот персонал да го предвидат текот на болеста на заразените и соодветно да преземат мерки или да одредат третман.
Претходните истражувања потврдија дека мажите, другите болести од кои страдаат пациентите, и постарите пациенти полесно заболуваат од потешки форми на Ковид-19.
Поврзани артикли