Едно од потенцијалните решенија за долгорочно сместување на луѓето на Месечината е во пештери под површината, а робот на ESA треба да ги истражи и да ги мапира овие пештери за да открие што точно има во нив.
За неколку години, луѓето би требало да се вратат на Месечината, но вселенските планови за следните децении се многу поголеми од краткорочните посети на нашиот сателит. Се споменува изградба на специјална лунарна база која би овозможила постојано човечко присуство на Месечината, додека, на пример, плановите на Елон Маск за новата ракета која во моментов ја развива и тестира SpaceX, се уште поамбициозни и тој верува дека првиот човечки екипаж би можел со неа да одлета до Црвената планета.
Бидејќи условите на Месечината и другите планети не се слични на оние на Земјата и не се прилагодени на луѓето, најбезбедно место за заштита и воспоставување база може да биде под површина на Месечината, во пештерите. Во нив, посетителите од Земјата кои имаат намера да останат на Месечината уште малку, можат да најдат засолниште од зрачење, екстремни температури и мали метеори, но постои можност и тие да содржат наслаги на воден мраз.
Не знаеме што навистина кријат лунарните пештери, но научниците од Европската вселенска агенција (ESA) решија да откријат и започнаа да развиваат и тестираат автономен робот кој може да ѕирне во пештерите на Месечината и да ни даде одговор за тоа што има во нив. Роботот е развиен од тим научници од Универзитетот во Вурцбург и е дел од студијата на ЕСА за лунарни пештери, чии резултати, се надева агенцијата, треба да дадат информации кои ќе помогнат да се донесе одлука за изградба на населба на месечина
Тркалезниот робот е наречен DAEDALUS и ќе се спушти во подземните пештери преку посебен ланец од кој роботот ќе се оддели откако ќе влезе во пештерата. На овој синџир ќе има и WiFi приемник, кој ќе прима податоци испратени од роботот и ќе ги испраќа понатаму. Автономниот робот ќе се состои од камери, радари и сензори за истражување на внатрешноста на пештерите, зрачење, потенцијални траги од воден мраз и општите услови во нив и ќе ги мапира така што астронаутите, откако ќе се спуштат во нив, ќе знаат што да очекуваат.
Извор: Zimo.hr
Поврзани артикли