Во американската сојузна држава Аризона ќе бидат казнувани возачите кои се служат со трикови за да го искористат автопилотот без контакт со воланот.
Целосно автономни возила и натаму не постојат, односно, иако системот кај одредени модели може да се активира, тој нема да функционира доколку возачот не ги држи рацете на воланот.
Сепак, луѓето се обидуваат на најразлични начини да го измамат автономниот систем – еден од триковите е користење на портокал со цел автомобилот да „помисли“ дека тоа се раце кои всушност го држат воланот.
Така, на YouTube каналот MotorSport UnPlugged, објавено е видео како со помош на портокал, поставен на воланот, системот за автономно возење на Volvo XC60 нормално функционира, односно автомобилот вози без никаква асистенција од возачот.