Xiaomi планира голема презентација на 29 март, кога компанијата планира да објави три или четири Mi 11 телефони, како и Mi Mix моделот со флексибилен екран.
Сега дознаваме дека кинескиот производител за Mi 11 Ultra планира и објава на „silicon-oxygen anode“ батерија, како и претставување на целосно нов чипсет. Не се споменува за што ќе служи чипсетот.
Батеријата за Mi 11 Ultra ќе има супер-брзо полнење, а според наводите на компанијата, имплементацијата на Si-O2 технологијата ќе овозможи телефоните да бидат потенки и побрзо да се полнат.
Кога станува збор за новиот чип, Кјоами истакна дека е пресреќен поради новата објава, но не се споменува дали станува збор за новиот Surge S2 чипсет или на доделен ISP за најавените течни леќи за камерите.
Поврзани артикли