Откога на пазарот се појавија роботски правосмукалки, станаа омилени помеѓу оние кои не сакаат да вакуумираат. Еден инженер отиде чекор понатаму и и овозможи на својата роботска правосмукалка Roomba уште повеќе можности.
Роботските правосмукалки можат самостојно да се движат низ домот и да вшмукуваат прашина и нечистотија, а понапредните модели можат дури да ја мапираат куќата и да ги „паметат“ местата што веќе ги исчистиле. Сепак, нивната најголема пречка се скалите.
Инженерот и јутубер Питер Срипол и даде нови можности на својата роботска правосмукалка за да може да ги совлада скалите, поради што ја претвори во дрон. Во правосмукалката вгради три пропелери што ги купи на Amazon, а неговото решение функционира совршено.