Научниците од британскиот „Институт за национално здравје“ откриле три нови симптоми на ковид-19, кои што досега не се појавиле кај пациентите, но од неодамна се сè повоочливи, пренесува „The Sun“.
Симптомите како зуење во ушите, вртоглавица и губење на слухот се појавиле кај поголем број од пациентите заразени со коронавирус, а како што велат научниците истите бараат „итен клинички преглед“.
Институтот за Национално здравје наведува дека трите главни симптоми на ковид-19 – упорната кашлица, губењето на сетилото за вкус и мирис и високата телесна температура се задолжителни, но претходно изјавиле дека тоа има поврзаност и со губењето на слухот, затоа што многу од пациентите со потешка клиничка слика го имале тој симптом по заразата.
Експертите од Универзитетот Англиа Рускин заедно со британските и американските здруженија кои што се занимаваат со тинитус, претходно откриле дека 40 отсто од луѓето покажале симптоми на ковид, а истите имаат влошен тинитус или зуење во ушите.
Експертите од Манчестер исто така тврдат дека постои поврзаност меѓу коронавирусот, губењето на слухот и губење на рамнотежата.
Истражувачите прегледале 56 студии во кои што откриле дека 7,6 отсто од луѓето пријавиле губење на слухот, 14,8 отсто тинитус и 7,2 отсто вртоглавица.
„Мора итно да спроведеме клиничка и дијагностичка студија за да ги разбереме долгорочните ефекти од ковид-19 врз системот за слушање“, изјавил Кевин Мунро, професор кој ја водел студијата на Универзитетот во Манчестер.
Што е Тинитус?
Често се опишува како „зуење во ушите“, но точниот звук кој се слуша може да се разликува од личност до личност. Најчестите звуци кои пациентите ги слушаат се звук на ѕвонче, свиреж, шушкање…
Ваквите звуци може да се јават одненадеш или пак може да бидат континуирани.
Извор: Blic.rs