Светот треба да се врати во нормала до крајот на 2022 година благодарение на вакцините против Ковид-19, изјави Бил Гејтс во интервју за полскиот весник „Газета Виборча“ и телевизискиот канал ТВН24.
„Ова е неверојатна трагедија“, рече коосновачот на Microsoft за пандемијата, додавајќи дека единствената добра вест е пристапот до вакцините.
„До крајот на 2022. година треба да се вратиме во нормала“, истакна Гејтс.
Mилијардерот кој се повлече од челната позиција на Microsoft во 2014 година, донираше најмалку 1,75 милијарди долари преку фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“ за глобален одговор на пандемијата.