Honor објави информации за достапноста и цената на Honor Band 6 уредот за носење . Фитнес нараквицата првпат глобално беше најавена во текот на CES 2021саемот, но тогаш не беше познато кога ќе се најде во продажба.
Honor Band 6 е паметна нараквица, со правоаголен 1,47-инчен AMOLED екран со резолуција од 368 x 194 пиксели. Постојат голем број функции кои се фокусираат на следење на здравјето. Тука се опциите за следење на работата на срцето и нивото на стрес, следење на спиењето и друго. Фитнес-функциите доаѓаат со десет режими на вежбање (трчање, пешачење, возење велосипед, пливање, слободен тренинг и друго).
Од паметните функции, уредот за носење нуди известувања за дојдовни пораки и повици, контрола на музиката, временска прогноза и далечински затворач за камерата кога ќе се спари со телефонот. Honor ветува 14 дена работен век на батеријата при нормално работење и до 10 дена во текот на зачестено користење на уредот. Брзото полнење овозможува тридневна работа на батеријата со само 10 минути полнење.
Honor Band 6 ќе биде достапен во Meteorite Black, Sandstone Grey и Coral Pink варијанти, по цена од 49,90 евра. Глобално ќе се најде во продажба од 28 март на AliExpress, а од април на регионалните сајтови на Honor.
H