За жал, имунолошкиот одговор на настинката завршува неколку дена по крајот на болеста, а SARS-CoV-2 вирусот тогаш може да го нападне организмот.
Новата студија од Универзитетот во Глазгов покажала дека вирусите кои што се предизвикани од обична настинка успешно го „надмудруваат“ коронавирусот и го бркаат од човечкиот респираторен систем.
Вирусите кои предизвикуваат настинка се нарекуваат риновируси и во човечкиот организам, според студијата на шкотските научници, ќе го „надмудрат“ и блокираат реплицирањето на SARS-CoV-2 кој што е причинител за ковид-19.
Инаку, вирусите постојано се „натпреваруваат“ во своите домаќини, но некои од нив можат да бидат во соживот со другите. Пример, аденовирусите можат да го делат домот (човечката клетка) со другите вируси.
Меѓутоа, вирусите на грипот или пак обичната настинка се осамени „војници“. Ги напаѓаат човечките клетки сами и сакаат сами да останат во нив.
Научниците од Универзитетот во Глазгов направиле реплика на човечкиот респираторен систем кој што коронавирусот го користи за вселување во организмот. Потоа и двата вируси ги вметнале во реплицираниот систем за дишење и ги пуштиле слободно да ги напаѓаат клетките.
Кога и двата вируси биле пуштени истовремено, „риновирусот активирал природен имунолошки одговор кој што го блокирал реплицирањето на коронавирусот во човечкиот респираторен епител“, изјавил водачот на истражувањето Пабло Мурциа.
Тоа значи дека респираторниот систем бил инфициран само со настинка.
Кога риновирусот бил пуштен со 24 часа предност, коронавирусот немал никакви шанси. Дури и обратна ситуација, кога коронавирусот добил предност за колонизација, риновирусот стигнал подоцна и сеедно „го избркал“ SARS-CoV-2 oд клетките.
„Тоа значи дека имунолошките одговори на обичната настинка можат да обезбедат некое ниво на привремена заштита од коронавирусот“, изјавил професорот Мурциа.
За жал, имунолошкиот одговор на природната настинка е послаба неколку дена пред завршување на болеста, а SARS-CoV-2 тогаш и тоа како може да го нападне организмот, заклучиле научниците.
Извор: Zimo.hr
Поврзани артикли