Honor претстави два нови мобилни уреди, а станува збор за Honor V40 Lite телефонот и Honor Tab 7 таблет уредот.
Honor V40 Lite користи закривен 6,57-инчен OLED панел со FHD+ резолуција и брзина на освежување од 90Hz. Во punch-hole отворот е сместена 32MP селфи камера, додека сензорот за отпечатоци од прсти се наоѓа под дисплејот.
На задната страна, телефонот има 64MP главна камера, како и ултраширок сензор од 8MP. Тука се и 2MP макро и 2MP сензор за длабочина. Смартфонот го покренува Dimensity 800U чипсет, во комбинација со 8GB RAM и 128/256GB проширлив простор за складирање.
Honor V40 Lite го користи Magic UI 4.0, заснован на Android 10. Батеријата од 3800mAh се полни со моќност од 66W, а адаптерот за полнење е вклучен во пакетот на уредот.
Honor V40 Lite Luxury Edition пристигнува во црна, зелена и градиент варијанта, со цена од околу 460 долари за 8/128 GB моделот и околу 506 долари за моделот со 256GB простор за складирање.
Honor Tab 7
Кога станува збор за вториот претставен уред, Honor Tab 7 е буџетски таблет со 10,1-инчен IPS LCD екран и FHD+ резолуција. Tab 7 има два звучника и 5MP селфи камера. Го покренува Helio P22T чипсет, со 4 GB RAM и 64/128 GB проширлив простор за складирање. На задната страна се наоѓа камера од 2MP.
Таблет уредот користи Magic UI 4.0 интерфејс со Android 10 и има 5100mAh батерија. Honor Tab 7 е достапен во Wi-Fi и LTE варијанти.
Honor Tab 7 во 4/64 GB Wi-Fi верзија има цена од околу 215 долари, додека моделот со 128GB простор чини околу 245 долари. Цената за LTE моделот со 4GB RAM и 128GB складирање е околу 292 долари.