Многу корисници на Android телефони забележаа дека апликациите како Gmail, Viber или некои други не им работат.
Ако и Вам ви се случи тоа, имаме едноставно решение.
Од Google соопштија дека знаат за проблемот и може да направите лесна и брза постапка за да ги отворите вашите апликации без никакви проблеми.
Сè што треба да направите е да отворите Settings->Apps и да го најдете Android Webview, апликацијата која го прави проблемот и треба да се ажурира.
Ова ажурирање е можно од неодамна, кога Google го реши проблемот, а претходно мораше да ги деинсталирате ажурирањата за да ви проработат апликациите.
Ако поради некоја причина не го гледате ажурирањето на Google Play Store, одете во Settings>Apps>Android Webview и потоа одберете uninstall updates.
Поврзани артикли