Студија спроведена во Италија на луѓе кои закрепнале од Ковид-19 покажала дека недостигот или ниското ниво на витамин Д во организмот е поврзан со потешки форми на болеста, пишува весникот „Ла Санита“, посветен на медицинскиот персонал.
Резултатите од истражувањето заеднички спроведено од Високиот институт за здравство и римската болница „Санта Андера“ покажуваат дека луѓето со коронавирус кои имале ниско ниво или недостиг на витамин Д во организмот имале потежок тек на болеста, посилно воспаление, поголема подложност на згрутчување на крвта и потешки форми на пневмонија.
Се смета дека нивото на витамин Д во организмот е ниско ако е под 10 нанограми (еден нанограм одговара на 0,001 микрограм).
Во студијата, кај пациенти кои имале ниско ниво на витамин Д биле измерени 6,5 проценти, додека нормалната вредност е 13,5 проценти.
Витаминот Д се внесува во организмот преку изложеност на сонце и исхрана, а неговата улога е важна за апсорпција на фосфор и калциум.
„Во овој момент рано е да се каже дека витаминот Д може да игра важна улога во борбата против Ковид-19 и да ја намали смртноста од инфекцијата, но витаминот Д секако може да се препорача како корисен додаток за сите пациенти“, заклучува студијата што е објавена во научното списание „Респиратори рисрч“.