Од космодромот во Казахстан руската ракета „Союз-2.1а“ беше успешнo лансирана која во орбитата носи 38 сателити од 19 земји. Лансирањето во два наврата беше одложувано во саботата поради технички причини, а во третиот обид денеска сѐ одеше како што треба, објави руската вселенска агенција Роскосмос.
Утринава во 9 часот, 7 минути и 12 секунди од космодромот „Бајконур“ во орбитата замина ракетата која носи 38 сателити од 19 различни земји и тоа: Аргентина, Бразил, Германија, Израел, Италија, Јапонија, Јужна Кореа, Канада, Кенија, ОАЕ, Обединето Кралство, Русија, Саудиска Арабија, Словачка, Тајланд, Тунис, Унгарија, Холандија и Шпанија.
Меѓу нив се и јапонскиот „ELSA-d“ за собирање на вселенски отпад, саудискиот „NAJM-1“ за фотографирање на Земјата, итлаијанско-кенискиот „SIMBA“ за следење на животни, како и првиот сателит целосно произведен во Тунис и наречен „Challenge One“
Поврзани артикли