Се појавија информации дека е откриен малвер кој цели на програмерите кои креираат апликации за iOS и macOS платформите.
Малверот е преправен во Xcode проект, под името TabBarInteraction. Програмерите кои го преземаат проектот мислат дека тоа се работи за програма на која и треба име, но кога ќе го стартуваат, се инсталира malware backdoor.
Овој малициозен софтвер во суштина е тројанец, што значи дека хакерот ќе може да го шпионира корисникот преку компјутерска камера, микрофон, да го следи пишувањето на тастатурата, како и далечински да поставува и презема фајлови од заразениот компјутер. Се чини дека малверот датира од октомври минатата година, што значи дека веќе некое време е во оптек.
Sentinel One, кој известува за појава на малверот, им препорачува на програмерите да бидат повнимателни со Xcode проектите што ги преземаат, посебно со оние што ги споделуваат со други.
Поврзани артикли