Италијанските ветеринари го открија првиот случај на зараза со британскиот вид коронавирус кај мачор што живее во семејство во општина Новара.
Сопствениците на домашното животно се во карантин поради заразата, а експертите од Зоопрофилактичкиот институт тврдат дека мачорот се заразил од сопственикот и ги имал истите симптоми како и луѓето.
Директорот на Институтот, Анџело Ферари, потврди дека заразата се пренесува од луѓе на животни, а не обратно и дека домашните животни не се носители на инфекцијата.
Тој потсети дека на фармите за размножување визон, чие крзно се користи за производство на скапи крзнени палта, заразата се шири и меѓу луѓето, односно меѓу персоналот што работел на тие фарми.
Во последните 24 часа од Ковид-19 починале 423 лица во Италија, а меѓу 350 илјади тестирани откриени се речиси 25 илјади нови случаи на инфекција, пишува агенцијата „Анса“.