За оние кои сакаат да ги знаат деталните податоци и анализа на спиењето, а немаат ништо против Google радар покрај креветот, Nest Hub 2 се чини како интересен уред.
Компанијата Google претстави нов уред кој би требало да има пристап до уште поголем број податоци – и тоа оние од спалната соба. Овој нов уред е втората генерација на Nest Hub, паметен екран кој доаѓа со посебен вграден радар за следење на квалитетот на сонот.
Паметните екрани станаа сè попопуларни во последните неколку години, и покрај Google, ги претставија и други големи технолошки компании како Amazon, Facebook, Lenovo и други. Google Nest Hub 2 доаѓа со 7-инчен екран кој прикажува различни известувања, временска прогноза, на него може да се гледаат и видеа од стриминг сервиси и да се управува со паметните уреди во домот. За љубителите на музиката, важна е и информацијата дека звучникот на новиот модел е подобар, а басот посилен.
Сепак, она по што најмногу се разликува и што би можел да привлече дел од корисниците е споменатиот радар за следење на спиењето. За да се искористат неговите можности, потребно е Nest Hub да се постави блиску до креветот, на пример, на ноќното ормарче. Радарот на Google и другите сензори цела ноќ ќе го следат и анализираат лицето додека спие – ќе ги следат и најмалите движења како што се поместување на градите при дишењето, додека звучниците ќе слушаат дали грчи или кашла. Благодарение на останатите сензори, Nest ја следи и температурата и осветлувањето на собата, а врз основа на анализата на сите овие податоци, корисникот на крајот добива информации за тоа колку добро спиел, а уредот дури и му дава одредени препораки за подобро да спие во иднина .
На пример, може да го советува да медитира пред спиење или да му испраќа известувања кога е време за спиење, така што корисникот стекнува рутина за одење во кревет приближно исто време секој ден. Опцијата за следење на спиењето ќе биде бесплатна првата година, по што Google би можел да почне да ја наплатува, иако сè уште не донеле конкретна одлука.
За разлика од некои слични уреди, Nest Hub 2 нема камера, така што не може да ги шпионира корисниците додека се во кревет, но CNBC нагласува дека не е тешко да се претпостави дека луѓето може да бидат загрижени поради уредот, што се наоѓа покрај нивниот кревет и кој знае кога се поместуваат во текот на спиењето, дали рчат итн. Од Google уверуваат дека нема причина за загриженост, бидејќи сите податоци се задржуваат и анализираат исклучиво на уредот и не се испраќаат до Google, a едноставно можat да се избришат од уредот. Но, кој сака, може да ги поврзе со апликацијата Google Fit, која собира податоци од другите уреди, како што се телефони и часовници.
Вградениот радар може да се користи и за други работи, така што може да препознае подигнување на раката кога наутро ќе заѕвони алармот и да го одложи за пет или десет минути, односно со одредено движење на раката, може да се префрли некоја песна.
Поврзани артикли