Норвешки медицински лица тврдат дека ја откриле причината за несаканите ефекти по примањето на вакцината на АстраЗенека, објави весникот Verdens Gang.
„Станува збор за силен имунолошки одговор предизвикан од вакцината“, рече проф. Пол Андре Холме.
Тим медицински лица од болницата „Риксхоспиталет“ работеа напорно за да откријат зошто тројца здравствени работници на возраст под 50 години биле примени со тромб, откако се вакцинирале со АстраЗенека.
„Нашата теорија дека станува збор за силен имунолошки одговор, што со голема веројатност е предизвикан по вакцинацијата, е потврдена. Откривме специфични антитела во тромбоцитите, кои покажуваат слика позната од други области на медицината и предизвикана од специфични лекови“, рече Холм.
„Ништо друго, освен вакцината, не може да ја објасни појавата на овој имунолошки одговор, бидејќи станува збор за специфични антитела“, велат научниците.