Google го објави вториот Android 12 developer preview, нудејќи увид во нови функции кои подоцна во текот на годината ќе пристигнат на Android уредите.
Меѓу овие функции се наоѓаат побезбедни известувања на заклучениот екран. Програмерите ќе можат да ги прилагодуваат известувањата, така што тие постојано бараат верификација. На пример, апликацијата за испраќање пораки секогаш би можела да бара потврда на идентитетот, пред бришењето на пораката или нејзиното обележување како прочитана од заклучениот екран.
Апликациите со автоматска поддршка за Picture-in-picture (PIP), би требало во овој режим да се префрлуваат пофлуидно, кога се префрлаат на почетниот екран. Другите PiP подобрувања вклучуваат подобро менување на големината на прозорецот за содржина што не е видео, сместување на PIP панелот во агол од екранот и двоен клик за менување на големината на прозорецот.
Preview вклучува и API, кои ќе им овозможат на програмерите да покренуваат релевантни апликации, кога телефонот или таблетот се наоѓаат во близина на поврзаниот уред, како што е паметниот часовник или фитнес нараквицата.
Google има за цел до август да добие Platform Stability статус (стабилна бета верзија каде повеќето технологии се финализирани). Тоа на програмерите ќе им овозможи да ги тестираат своите апликации во исполирана верзија на Android 12, пред јавната објава на платформата.
Поврзани артикли