Мистеријата околу километарскиот облак кој повремено се појавува на Марс и кој со години ги интригираше научниците, конечно доби разврска.
Во 2018 година Mars Express сними долг, проширувачки облак кој се шири низ површината на Марс во должина од околу 1.500 километри извирајќи од еден одамна згаснат вулкан.
Лоциран во јужната марсовска хемисфера, издолжениот облак наречен Арсија Монс се појавува секоја пролет или лето на Црвената планета. Досега бил снимен и од страна на разни сонди и тоа во 2009, 2012, 2015, 2018 и 2020 година.
Неодамнешно истражување дава објаснување за потеклото на облакот и неговата игра на појавување и исчезнување и открива дека е многу почеста појава отколку што досега се мислело.
Научниците кои го истражуваа овој марсовски феномен ги споредија снимките со висока резулуција и контраст од 2018 година со податоци стари дури до 70-тите години на минатиот век.
Нивната анализа ги доведе до следниов заклучок: густиот воздух се искачува по падините в зори и температурите на околината паѓаат како што воздухот се искачува. На речиси 45 километри над површината, ветрот се зголемува и неговата влага кондензира, лепејќи се на честички прашина во воздухот и создавајќи го она што е познато (на Земјата) како орографски облак.
Облакот се зголемува за период од околу 2 и пол часа, додека ветрот кој дува до 600 километри на час го истргнува од вулканот.
Досега најголемата состојба забележана на овој облак е 1.800 километри во должина и 150 километри во ширина, пред да исчезне како што утрото се претопува во пладне и сонцето го топи.
Научниците кои го истражувале облакот велат дека сѐ е во тајмингот: различните снимки се поради различни агли и периоди на бројните проби пратени од човекот на Марс низ годините.
Решавањето на мистеријата за овој облак ќе им помогме на научниците да ги подобрат познавањата за климата на Марс и да направат попрецизни споредби со онаа на Земјата, истражување кое еден ден може да ни помогне да спасиме една планета пред за почнеме да колонизираме друга.
Поврзани артикли