Големите податоци бараат уреди за складирање со поголем капацитет. Затоа Seagate планира да испорача хард дискови со капацитет над 50TB во 2026 година, а долгорочно компанијата има во план и објава на хард дискови од 100TB.
Seagate верува дека HDD пазарот не замира, бидејќи центрите за податоци бараат големи количини на простор за складирање. Иако SSD дисковите ги заменуваат хард дисковите во многу области на потрошувачкиот пазар, во моментов SSD-уредите се премногу скапи за да ги задоволат потребите на деловниот пазар.
Со објавата на своите HAMR дискови, Seagate го почна својот пат кон објава на HDD со ултра висок капацитет. Иако 100TB HDD делува како значителен капацитет, тоа бара и зголемување на перформансите за читање/запис/IOPS. Поради тоа, Seagate ја креираше својата MACH.2 multi-actuator HDD технологија.
Едноставно кажано, MACH.2 и овозможува на компанијата да користи два независни актуатори (двигатели) во своите хард-дискови, удвојувајќи ги потенцијалните I/O перформанси на дискот. Тоа исто така овозможува да се испорачуваат перформанси кои се значително повисоки од оние на традиционалните хард дискови.
Со MACH.2, Seagate се обидува да ги овозможи IOPS перформансите на два хард-диска во рамките на едно куќиште, а компанијата верува дека со овој потег би продолжила да биде пред своите ривали на HDD пазарот, како и да го задржи релевантниот формат.
Поврзани артикли