Научници од САД и Индија, во соработка со NASA, откриле четири соеви на бактерии на Меѓународната вселенска станица (ISS) – од кои три досега целосно непознати за науката.
Сите четири соеви припаѓаат на семејство бактерии што се наоѓаат во почвата и слатките води; и кои помагаат во растот на растенијата и елиминирање на растителните патогени. Ако се прашувате што прават ваквите бактерии на ISS, одговорот е дека астронаутите со години одгледуваат помали количини храна на Вселенската станица, па не е ни чудо што таму се пронајдени растителни микроби, пишува Science Alert.
Генетичарот Свати Бијлани од Универзитетот во Јужна Калифорнија и неговите колеги предложија овој нов вид бактерија да го носи името Methylobacterium ajmalii по Ајмал Кан, познат индиски научник.
Со оглед на тоа што веќе е познато дека овие микроби може да преживеат тешки услови на ISS, научниците спроведоа генетска анализа на овие четири соеви за да ги идентификуваат гените што може да се користат за стимулирање на растот на растенијата.
Тие откриле дека еден од соевите, IF7SW-B2T, има гени вклучени во растот на растенијата; меѓу нив и оној што ја стимулира клеточната делба во коренот и фиданките.