На почетокот на оваа година, Xiaomi беше под забрана од Министерството за одбрана на САД, под обвинение дека е „комунистичка кинеска воена компанија“, што компанијата категорично го демантираше. Акцијата, започната во последните денови од мандатот на претседателот Доналд Трамп, ги спречи американските компании да го вложуваат својот капитал во Xiaomi. Ова предизвика и загриженост дека Xiaomi може да стане мета на посериозни забрани, како што беше случајот со Huawei.
Сепак, американскиот суд на округот Колумбија му додека прелиминарна одлука на Xiaomi за укинување на ограничувањата за инвестиции од американските компании. Американскиот окружен судија Рудолф Контрерас изрази сомневање дека кинеските цивилни компании како Xiaomi претставуваат директна закана за националната безбедност на САД и прокоментира дека нема докази дека Xiaomi споделува информации со кинеската влада.
— Xiaomi (@Xiaomi) March 14, 2021
Во изјавата за медиумите, Xiaomi истакна дека и натаму ќе продолжи да бара да се отстрани описот „комунистичката кинеска воена компанија“, бидејќи користењето на овие етикети е произволно и вознемирувачки. Xiaomi ја повтори и својата посветеност да соработува со глобалните партнери, за да помогне својата иновативна технологија да им ја овозможи на поголем број корисници ширум светот.