Астрономите откриле многу чудна егзопланета која би можела да нѝ помогне за подобро да го разбереме универзумот.
Имено, научниците од Харвард и Смитсонијан воочиле големо гасно небесно тело на оддалеченост од околу 575 светлосни години од Земјата, и го нарекле WASP-62b.
Оваа егзопланета се наоѓа во орбитата каде што една година трае 4.5 земјини денови, а чудно е што нема ниеден облак. Како што истакнуваат научниците, овој феномен се наоѓа кај отприлика 7% од егзопланетите.
Со помош на вселенскиот телескоп, астрономите успеале да препознаат траги на натриум, што не би било возможно ако има облаци. Поради тоа и се претпоставува дека тие воопшто не постојат кога станува збор за WASP-62b.
Тимот кој ја анализирал планетата, се надева дека лансирањето на вселенскиот телескоп, Џејмс Веб, ќе им пружи дополнителни методи за проучување, односно дека со малку среќа ќе успеат да најдат траги од силикон, што потоа ќе им покаже на кои начини се формираат овие планети и по што се разликуваат од оние со облаци, пренесува Engadget.
Извор: B92.net