Лицата заболени од карцином послабо се заштитени по првата доза од вакцината Фајзер/Бионтек против Ковид-19 во однос на другите луѓе. Ова го покажало истражувањето кое сугерира дека кај заболените од рак никако не смее да се доцни до давањето втора доза.
Според резултатите на суудијата на биомедицинскиот истражувачки центар на Институтот Франсис Крик од Лондон и на лондонскиот Универзитет „Кингс Колеџ“ три седмици по примањето прва доза кај лицата со тумори на органите е регистрирана заштита од 39 проценти.
Кај пациентите со рак на крвта заштитата во овој период е 13 проценти. Ова значи дека повеќе од половина од заболените од карцином по првата доза од вакцината Фајзер имаат многу слаба заштита.