MSI претстави тенки и лесни 15,6-инчни лаптопи, со ознаки GF63-10SC-042JP и GF63-10SC-043JP, кои и припаѓаат на e-sports GF63 Thin ссеријата. Лаптопите ќе бидат достапни од 18 март.
Лаптопите користат 15,6-инчен Full HD (1920x1080p) LCD-екран. Гејминг панелот нуди стапка на освежување од 144Hz. Графичката карта во стандардната понуда е Nvidia GeForce GTX 1650 Max-Q.
Двата модела во линијата се разликуваат по капацитетот на инсталираната RAM меморија и капацитетот на просторот за складирање.
Процесорот е Intel Core i7-10750H (6C / 12T, 2.6GHz-5.0GHz), а чипсетот користи Intel HM 470 подножје. Достапна е 8GB или 16GB DDR4 меморија, додека складирањето е 256GB SSD (NVMe M.2) или 512GB SSD (NVMe M.2).
За мрежна поддршка тука се Intel Wi-Fi 6 AX201 (2 x 2 / 11ax / Bluetooth 5.1), а од достапните портови имаме USB3.2 Gen.1 Type-Cx1, USB3.2 Gen.1 Type-Ax3, HDMIx1, конектор за слушалки и микрофон.
Тастатурата е ten-keyless со вградено позадинско осветлување, а уредот го напојува 51Whr/4500mAh батерија, која нуди седум часа работа со едно полнење. Инсталираниот оперативен систем е Windows 10 Home.