Во американската сојузна држава Вирџинија живее маж чија крв е смртоносна по коронавирусот и кој може да им помогне на научниците во борбата со истиот.
Менаџерот за комуникации од Универзитетот Џорџ Мејсон во Ферфекс, Вирџинија, 54-годишниот Јохан Холис во јули сфатил дека припаѓа на ретка категорија луѓе чија крв може да им помогне на научниците да го разберат коронавирусот и евентуално да им помогне на луѓето кои ќе се заразат.
Тој бил многу изненаден кога дознал дека го победил ковидот, без да знае дека опасниот вирус влегол во неговиот организам.
„Крвта на Холис е полна со таканаречени супер-антитела кои го неутрализираат ковидот, дури и кога крвта е разредена 10.000 пати“, изјави патологот од универзитетот Џорџ Мејсон, Ленс Лиота, пренесе EBC.
Поврзани артикли