Компанијата Google воведува нови начини на кои корисниците можат да дадат свој придонес во апликацијата Maps.
Google објави три нови начини кои ќе ја направат апликацијата Maps поинформативна и попрецизна, односно покорисна кога луѓето проверуваат одредени локации преку интернет пред да се упатат кон нив од нивните домови.
Во текот на април, корисниците ќе можат да пристапат до Local Love предизвикот, а тоа се однесува на корисниците на Android во САД. Ќе се појави опција за придонес во пружањето информации за 100.000 бизниси во секцијата Contribute. Покрај тоа што корисниците ќе можат да ги остават своите коментари и оценки, ќе можат и да потврдат и да додадат информации како што се работното време.
Google ќе им овозможи на корисниците и да прикачуваат фотографии од одредени локации со краток опис на текстот. Овие фотографии можат да се однесуваат дури и на промена на изгледот на локацијата без потреба за оставање коментари или оценки. Фотографиите ќе бидат видливи во табот Updates.
Исто така, Google подготви и можност за пријавување на промени во мапите со помош на десктоп алатки за уредување. Корисниците ќе можат да додаваат и улици што недостасуваат со избирање на опцијата Edit. Покрај тоа, ќе биде можно да се промени и правецот на патот и да се направат корекции или целосно да се отстранат неточните улици. Ќе биде дозволена и промена на името на одредена улица кога веќе не е точно. Се разбира, сите промени ќе бидат прегледани од Google пред да бидат прифатени и ќе им бидат достапни на другите корисници на Google Maps.
Наведените можности во следните месеци ќе бидат достапни во 80 земји во светот.