На возилото на Waymo му биле потребни осум минути, додека на моделот на Tesla со бета верзија на систем за автономно возење нешто повеќе од пет минути
Возилото само управува, го врти воланот и се движи во сообраќајот, а патникот седи на задните седишта. Да, тоа е иднината, која веќе и не е толку далечна колку што во еден момент можеби изгледаше.
YouTube каналот Whole Mars Catalog тестирал две возила, Waymo (Google) односно модифицирана Chrysler Pacificа и Tesla Model S FSD Beta. Целта на тестот била што побрзо да се стигне од хотел во близина на Феникс до маркет со мешовита роба.
Моделите на Tesla и технолошкиот милијардер Елон Маск користат специјални камери и, пред сè, високо развиен AI софтвер, така што електричните автомобили можат да контролираат целосно непозната средина и правци, додека конкурентот избира поинаков пристап. Возилата на Google се потпираат на технологијата на лидари слична на радар со ласерски сензори, како и на претходно прецизно мапирање на рутите по кои ќе возат автомобилите.
Кој е резултатот?
На возилото на Waymo му биле потребни осум минути, додека на моделот на Tesla со бета верзија на систем за автономно возење нешто повеќе од пет минути. Возилото на Waymo избегнувало свртување во лево на раскрсниците, па соодветно и рутата била многу подолга.
Сега за сега нема одговор на тоа кое возило е побезбедно, а тоа е најважната работа во оваа фаза на развој.
Извор: Додај Гас