Лу Отенс, холандскиот инженер кој ја создаде технологијата за касетите со лента и компакт дисковите, почина на 94 години.
Отенс починал во саботата, во неговиот дом во Белгија, објави DutchNews.nl.
По студиите за инженер, Отенс почнал да работи за Philips во 1952 година и осум години подоцна напредувал до позицијата шеф на одделението за развој на производи во компанијата. Токму таму, го предводел неговиот тим во пронаоѓањето на првиот преносен касетофон/рекордер.
Две години подоцна го измислил системот reel-to-reel што во минијатурна верзија стана легендарната касета со лента што внесе револуција во музичкиот бизнис.
Кога пластичната касета дебитираше на саемот за електроника во 1963 година, се појави под слоганот: „Помала од кутија цигари!“. Отенс специфично ја дизајнирал касетата да биде доволно мала за да ја собира во џеб, бидејќи сметал дека другите модели биле непотребно големи.