Холандскиот дизајнер Дан Розегард ја претстави својата нова уметничка инсталација „Урбано сонце“, која со помош на УВ-светлина го намалува количеството на Ковид-19 во воздухот. Тој почнал да го создава овој проектот пред речиси две години.
Кога некои истражувања покажаа дека ултравиолетовата светлина може да биде ефикасна против короната, тој го изработил проектот за најкраток можен рок, а му помогнале експерти и научници од Холандија, САД, Јапонија и од Италија.
„‘Урбано сонце‘ нема цел да биде единственото, но едно од решенијата против короната. Со овој проект за неколку минути местата може да се исчистат од вирусот 99,9 %, што значи дека шансите да се заразите се крајно мали“, вели Розегард.
Инсталацијата се состои од голем светлечки круг на УВ-светлина, со бранова должина од 222 нанометра, која служи како дополнителен слој на заштита. Розегард смета дека ова ќе најде примена на музички фестивали и други настани ова лето кога мерките ќе бидат олеснети.
Поврзани артикли