Само неколку месеци откако на пазарот ги исфрли она што би го нарекле news-reader, во чиј фокус е приватноста на корисниците, Brave почна нов, многу поамбициозен проект – да креира сопствен веб-пребарувач со истото име.
Brave Search би требало да стане алтернатива на пребарувачот на Google, што ја штити приватноста на корисниците. За разлика од една од најголемите компании во светот, нивниот бизнис модел не треба да се заснова на собирање податоци за тоа што корисниците пребаруваат на интернет, дури и ако е вклучен инкогнито режимот. Бидејќи некои експерти на полето на приватност укажаа на фактот дека дури и во Brave пребарувачот, кој се смета за безбеден, го користите пребарувачот на Google, се собираат одредени податоци, компанијата се одлучи да создаде нов пребарувач, што ќе ја почитува вашата приватност.
Компанијата наведува дека на корисниците ќе им даде две опции: првата, која е без реклами и која се плаќа, или опција без плаќање, но која иако прикажува реклами, се грижи податоците на корисниците да не стигнат до огласувачот. Компанијата што стои зад овој потфат веќе наведува дека направила предлог за ново рангирање кое го прави пребарувачот, кое како што наведува ќе се разликува од она на Google.
Поврзани артикли