Меѓународен тим на истражувачи предвидува дека Северниот леден океан, до септември 2055 година, најверојатно ќе остане без лед.
„Тим на научници моделираше како климатските промени ќе влијаат на Северниот леден океан, а моделот ни покажа дека е малку веројатно истиот ќе биде покриен со мраз за 35 години“, вели Станислав Маријанов, еден од авторите на истражувањето.
Маријанов е и водечки истражувач во лабораторијата за моделирање на биогеохемиски циклуси на окенот на Институтот за океанологија, „Ширшов“, во Руската академија на науки.
„Успеавме да го утврдиме влијанието на климатските промени, правејќи неколку модели на различни сценарија. Едно од сценаријата е со растечките емисии на стаклени гасови врз екосистемот на Арктичкиот океан“, вели тој.
„Факторите како што се областите каде е намален мразот, промените во температурата и соленоста, исто така беа земени во предвид”, објаснува Маријанов.
До крајот на 21. век, период кога Арктикот ќе остане целосно без лед, истиот постојано ќе се зголемува на секои четири месеци до 2100 година. Периодот на зголемување ќе се одвива од средината на јули до средината на ноември.
Прогнозата на истражувачите укажува на тоа дека до крајот на векот, концентрацијата на хранливи состојки ќе се намал во северниот Атлантик, особено во периодот на зимата, што ќе биде предизвикано со намалување на интезитетот на мешање на океанските слоеви.
Поврзани артикли