Денешниот „славеник“ нè потсетува на некои стари времиња.
Sinclair ZX81 беше британски компјутер кој го виде светлото на денот на 5. март 1981 година. Наследник е на моделот ZX80, со кој процесорот на овие простори го делеше со познатата „Галаксија“.
Како и кај повеќето компјутери од тоа време, ZX81 имаше видео-излез преку кој се поврзуваше со ТВ уред, а програмите се снимаа на касети. Микропроцесорот беше ист како и кај ZX80 моделот – Zilog Z80, а и според дизајнот беше сличен на својот претходник.
Дури кога зборуваме за перформансите, сфаќаме колку технологијата напреднала за релативно кратко време. Овој уред поседуваше „неверојатни“ 1 KB RAM (кој се прошируваше до 64 KB) и 8 КB ROM, со вграден Sinclair BASIC програмски јазик.
Тастатурата му беше сензорска, што и не беше баш популарно – доколку се расипе, би морале веднаш да набавите нова.
Дека Sinclair ZX81 беше огромен хит, докажува и фактот дека е продаден во околу 1.500.000 примероци – дотогаш невидена бројка во Велика Британија.
Секако, како што е секогаш случај, веднаш започнаа да се појавуваат и копии на пазарот, а изненадувачки факт е дека најмногу копии имало во Јужна Америка (Аргентина и Бразил), но и во останатите делови од светот.
Дали и вие сте го користеле овој микрокомпјутер?
Извор: B92.net
Поврзани артикли