Xiaomi Mi 11 Ultra треба да имплементира бројни подобрувања во однос на минатогодишниот Mi 10 Ultra модел. Ова вклучува интересен секундарен екран на задната страна, со цел системот со главната камера да се користи за селфи и видео блогинг.
Mi 11 Ultra е сега сертификуван во Индонезија, а покрај тоа што листингот не нуди информации за уредот, ова значи дека уредот е чекор поблиску до објавата. Исто така, ова сугерира дека смартфонот ќе биде официјално достапен надвор од Кина, за разлика од Mi 10 Ultra.
Според претходно протечените информации, Xiaomi Mi 11 Ultra ќе има 6,81 инчен WQHD+ 120Hz AMOLED екран, IP68 сертификат за водоотпорност, стерео звучници, Snapdragon 888 чипсет, како и 5000mAh батерија со поддршка за 67W брзо полнење преку кабел, 67W безжично полнење 67W и 10W обратно безжично полнење.
Кога станува збор за камерите, се очекува главен сензор од 50MP (за 12,5MP фотографии со pixel binning), 48MP ултраширока камера и 48MP перископ сензор способен за 5x оптичко и 120x дигитално зумирање.
Xiaomi Mi 11 Ultra прв ќе го имплементира 50MP ISOCELL GN2 сензорот на Samsung