Националното жири за избор на „Автомобил на годината во Македонија“ годинава по 26. пат го организира изборот кој е најстарата манифестација и единствена од ваков вид во Македонија. Во Изборот учествуваат новинари со долгогодишни искуство и стаж во следењето на автомобилските новитети и случувања.
Од моделите пристигнати на македонскиот пазар помеѓу двата избора, Националното жири за избор на „Автомобил на годината во Македонија“ согласно Правилникот за работа и критериумите на изборот одбра осум (8) возила кои влегоа во финалето (по азбучен редослед): Citroen C4, Land Rover Defender, Nissan Juke, Peugeot 2008, Skoda Octavia, Seat Leon, Toyota Yaris и VW Golf.
Покрај членовите на Националното Жири, право на глас имаа и финалистите, кои можеа да гласаат за еден кандидат, освен за сопствениот модел. Возилото што ќе добие најмногу гласови од финалистите освојува еден (1) глас кој е рамноправен со гласовите на членовите на Жирито.
Годинава право на глас имаше и публиката. Преку организирање на онлајн гласање и претставување на сите финалисти, моделот што ќе добие најмногу гласови добива еден (1) рамноправен глас со гласовите на членовите на Жирито и гласовите на финалистите.
Согласно критериумите за Избор, членовите на Националното жири за избор на автомобил на годината во Македонија 2021, донесоа одлука титулата да му ја додели на моделот
- CITROEN C4
Образложение: Изграден врз целосно нова платформа, C4 прави квантен скок во однос на неговиот претходник. Со мулти-енергетската архитектура, која овозможува во едно возило вградување на бензински, дизел и чисто електричен погон, одлучно исчекорува кон иднината. Citroen C4 импресионира со концепцијата давајќи нова димензија на семејните хечбек возила. На границата на компактните кросовери, тој непогрешливо ќе знае да ги исполни сите очекувања, преминувајќи ги детерминирањата поставени од класната припадност. Новиот C4 ја сублимира децениската интенција на Citroen за иновативен пристап во интерпретацијата на високата технологија притоа применувајќи дизајнерска креативност која никого не остава рамнодушен.
ВО ГЛАСАЊЕТО – Моделот Citroen C4 доби три (3) гласа, а по еден (1) глас добија моделите Toyota Yaris, Skoda Octavia и Land Rover Defender. Според Правилнкот за Избор, победник е моделот што ќе добие најмногу гласови.
Членовите на Жирито му доделија три гласа на моделот Citroen C4, а еден глас доби моделот Toyota Yaris.
Гласот од финалистите годинава го доби моделот LAND ROVER DEFENDER
Гласот на публиката – Во онлајн гласањето спроведено преку платформата на www.coty.mkбеа забележани вкупно 9.512 гласа. Моделот SKODA OCTAVIA доби најмногу гласови – 1.820.
ПРИЗНАНИЕ – СУВ на годината
* Признанието СУВ на годината го доби моделот PEUGEOT 2008
ПРИЗНАНИЕ – EV на годината (електричен автомобил)
Националното Жири реши од годинава да се доделува Признание EV на годината, што ќе го добие модел кој ќе донесе најмногу новитети во однос на електрификацијата
* Признанието EV на годината го доби моделот PEUGEOT е-208
ПРИЗНАНИЕ „Томислав Биљарац“
Националното Жири за Избор на „Автомобил на годината во Македонија“ по четврти пат го доделува и признанието „Томислав Биљарац“, во чест на доајенот на македонското автомобилско новинарство, основач и прв претседател на Националното жири за Избор за автомобил на годината во Македонија. Наградата се доделува за посебни придонеси и резултати во автомобилската индустрија.
Одлуката на Националното Жири е признанието „Томислав Биљарац“ за 2021 година да биде доделена на
* ВИЛЈЕМ ХОРВАТ
Досегашни победници во изборот за „Автомобил на годината во Македонија“
1996 Fiat Bravo/Brava 2013 Seat Leon
1997 Renault Megane 2014 Skoda Octavia
1998 Opel Astra 1998 2015 Ford Mondeo
1999 Skoda Octavia 2016 Skoda Superb
2000 Fiat Punto 2017 Kia Sportage
2001 Seat Leon 2018 Dacia Duster
2002 Toyota Corolla 2019 Ford Focus 2003 Mazda 6 2020 Opel Corsa
2004 Mazda 3 2020 Opel Corsa
2005 Seat Altea
2006 Vоlkswagen Passat
2007 Opel Corsa
2008 Kia Cee`d
2009 Volksvagen Golf VI
2010 Opel Astra IV
2011 Hyundai iX35
2012 Кia Rio
Поврзани артикли