Realme го претстави својот најнов буџетски телефон, под името Realme C21. Телефонот го покренува Helio G35 чипсет, додека за софтверска поддршка е задолжен интерфејсот на Realme, базиран на Android 10.
Realme C21 има 3GB RAM и 32GB простор за складирање, а има и слот за microSD картичка што може да го прошири просторот за складирање до 256GB.
Телефонот користи 6,5 инчен HD+ дисплеј со засек за 5MP селфи камера. На задната страна е присутен Geometric Art Design, со три камери: 13MP главна, 2MP макро и 2MP монохроматска. Покрај камерите, одзади е сместен и сензор за отпечатоци.
Realme C21 доаѓа во Cross Blue и Cross Black бои. Телефонот го напојува 5000mAh батерија, со поддршка за полнење преку microUSB порт, како и обратно полнење.
Засега не е познато дали и кога Realme C21 ќе биде достапен на глобално ниво, но на пазарот на Малезија се нуди по цена од околу 120 долари.