Bloomberg објави интересен извештајза тоа дека Samsung би можел да обезбеди 7-инчни панели за новата Nintendo Switch гејминг конзола.
Извештајот сугерира дека Samsung Display ќе почне со масовно производство на OLED панели за претстојниот, освежен модел на Switch конзолата. Уредот би требало да има поголем дисплеј од актуелниот модел, што пристигнува со 6,2-инчен 16:9 720p екран (Switch Lite има 5.5-инчен панел).
Според неименувани извори, Samsung во јуни ќе почне со производство на овие панели, а целта е да се произведат околу милион екрани месечно. Испораката на дисплеи се очекува најрано во текот на јули.
Се очекува дека екраните ќе ја задржат резолуцијата од 720p, а една од причините да не се изврши надградба на 1080p е можеби желбата да се задржи константно досегашното искуство. Покрај тоа, Switch би трошел повеќе енергија и повеќе би се загревал со покренување на игри во FullHD резолуција. Кога Switch ќе се постави на екстерен ТВ, може да испорача резолуција до 1080p.
Поврзани артикли