Бразилската мутација на коронавирусот од Амазонија „П.1“ е можеби отпорна на вакцините, велат научниците.
Во студијата за појавата на мутациите и ширењето на коронавирусот во градот Манаус во Амазонија, научниците велат дека варијантата „P.1“ има „единствена комбинација на мутации“ и дека за многу кратко време станала доминантна во тоа подрачје.
„Од стотина луѓе во Манаус кои што беа заразени со коронавирусот, постои сомнение дека од 25 до 61 повторно се заразиле со П.1“ изјави Нуно Фариа, виролог од Империјал колеџот во Лондон, коавтор на студијата.
Научниците проценуваат дека „P.1“ од изворната варијанта на коронавирусот е позаразен за 1,4 до 2,2 пати.
Говорејќи пред новинарите за резултатите од истражувањето, Фариа изјави дека засега е прерано да се каже дали вакцините против оваа мутација на коронавирусот се помалку ефикасни.
„Нема конечни докази кои би укажале на тоа дека актуелните вакцини нема да бидат ефикасни против P.1“, изјави Фариа.
Тој сепак истакна дека верува дека вакцините „во најмала рака ќе штитат од болеста и можното повторно заразување“.
Научниците ширум светот се внимателни во врска со новите мутации на коронавирусот кои се шират побрзо, а за некои од мутациите не е целосно познато дали се отпорни на вакцините.
Извор: Espreso.rs