Компанијата Samsung ја претстави новата серија на MicroLED, Neo QLED и Lifestyle телевизори, како и монитори и звучни уреди за 2021 година, во рамките на вчерашниот виртуелен Unbox & Discover настан. 

Најновите Samsung иновации им овозможуваат на корисниците да добијат уште повеќе од своите аудиовизуелни уреди – давајќи им можности за поефикасно работење, за поквалитетно комуницирање и истражување на личните интереси и желби. 

„Вработените во компанијата Samsung постојано работат на подобрување на секојдневниот живот на корисниците. Во текот на изминатата година, технологиите што некогаш беа во опсегот на она што би било „убаво да се има“ станаа неопходни затоа што нашите домови преку ноќ се претворија во канцеларии, училишта, теретани“, рече James Fishler, повисок потпретседател на одделот за домашна забава, на компанијата Samsung Electronics America. „Улогата на телевизорите во нашите животи стана позначајна, а во 2021 година Samsung продолжува да ја редефинира во согласност со потребите и желбите на корисниците“, додаде Fishler.

Благодарение на иновативниот пристап и постојаните подобрувања, компанијата Samsung се позиционираше како водечки производител на телевизиски технологии 15 години по ред, а ќе продолжи да ги надминува границите во понудата на визуелни искуства во 2021 година. 

MicroLED технологијата пристигнува во домовите на корисниците 

Со супериорна светлина, длабоки црни тонови и квалитет на слика што го одзема здивот, MicroLED технологијата нуди искуство кое остава исклучителен впечаток на корисниците, додека неорганските LED сијалички спречуваат квалитетот на сликата да се влоши во текот на животниот век на уредот. 

Samsung во 2018 година го претстави MicroLED телевизорот во форма на The Wall уредот, кој се состоеше од систем на прилагодливи панели, со вкупна големина од 292 инчи. Инсталирањето на овој уред во канцеларии или домови бараше стручна помош. Три години подоцна, Samsung го претстави MicroLED искуството во форма на класичен телевизор. Сега, корисниците можат да однесат дома уред што обезбедува кинематско искуство, со прекрасен дизајн на екран од работ до работ и без потреба од професионално склопување и инсталирање. MicroLED ќе биде достапен од крајот на март во верзиите од 110 и 99 инчи низ целиот свет, додека на есен ќе биде лансирана верзијата од 88 инчи, а се планира и модел од 76 инчи во блиска иднина. 

Благодарение на 4Vue (Quad View), екранот на MicroLED телевизорот многу лесно може да се подели на четири дела, истовремено прикажувајќи четири различни содржини. Корисниците на тој начин можат да гледаат повеќе спортски настани истовремено или да следат walkthrough видео на некоја игра, додека истовремено ја играат. 

Разновидни Neo QLED телевизори за различни животни навики 

Samsung исто така разви и нова серија на Neo QLED телевизори – уреди кои го подобруваат квалитетот на искуството за гледање, без оглед на видот на содржината што се гледа. Neo QLED искуството се напојува со Neo Quantum процесор и нови Quantum Mini LED светилки, со големина од 1/40 конвенционални LED светилки, што овозможува исклучителна финост и чувствителност на светлина. Со длабоки црни тонови, светлата кои силно светат и најпаметна технологија за подобрување на сликата досега видена на Samsung телевизорите, Neo QLED обезбедува ултра-реалистичен приказ на содржина. 

Исто така, Neo QLED и играњето го подигнува на повисоко ниво, носејќи врвни карактеристики што ги прават идеални за новата генерација на игри. Овие телевизори им овозможуваат на корисниците, содржината на игрите да ја видат во неверојатен 4K квалитет, со мазна слика со брзина на освежување на екранот од 120 fps и исклучително кратко време на одговор на екранот од 5,8ms. За гејминг искуството на Neo QLED и QLED линијата за 2021 година, продолжи повеќе да се оптимизира, Samsung соработува со компанијата AMD, за развој на првиот телевизор со Freesync Premium Pro поддршка за компјутери и конзоли, носејќи им на корисниците исклучително искуство во HDR играње. Исто така, новиот Samsung Game Bar им овозможува на играчите лесно да ги следат клучните аспекти на играта – со помош на оваа алатка е можно брзо да се активира Super Ultrawide Gameview опцијата која носи ултра-широка перспектива на играта, претходно резервирана само за компјутерски монитори.

За корисниците за кои фитнесот е важен аспект на секојдневниот живот, Samsung Neo QLED носи програми за тренинг и здрав живот во нивните домови. Во текот на минатата година, кога генерално беше невозможно да се оди во теретана, многу корисници бараа нови начини да останат во форма. Samsung Health платформата, детална и сеопфатна платформа лансирана во пролетта во 2020 година, ја задоволи оваа потреба, помагајќи им да останат активни, со партнерски апликации наменети за сите стилови на фитнес и сите аспекти на здравјето и со едноставна можност за поврзување со други уреди. Во 2021 година, Samsung Health ја додава и опцијата Smart Trainer, која покрај опционалната камера што се продава одделно, користи вештачка интелигенција за да го анализира држењето на корисникот и да му даде совети за подобрување на формата, следејќи ги видео инструкциите за тренирање. 

Овогодинешните Samsung Neo QLED 8K (QN800A и QN900A) модели ќе бидат достапни во големини од 65, 75 и 85 инчи, додека 4K моделите (QN95, QN90 и QN85) ќе бидат достапни во уште поширок избор на големини, почнувајќи од 50 инчи. 

ТВ искуство прилагодено на стилот на корисникот 

Корисниците денес очекуваат искуство прилагодено на нивните желби, потреби и стил. Затоа, Lifestyle категоријата на телевизори нуди екрани дизајнирани за секого и за секој простор во домот, како и надвор од него. 

The Frame го трансформира телевизорот во уметничко дело, со можност за персонализација во согласност со вкусот на корисникот. Со новите партнерства во рамките на Art продавницата, како што се оние со компанијата NAVA Contemporary и Etsy, The Frame носи пооригинални уметнички дела што можат да се прикажат на екранот на уредот. Исто така, овој телевизор доаѓа со технологија заснована на вештачка интелигенција која предлага уметнички дела засновани врз претходн избор на корисниците, така што ќе можете да создадете своја лична уметничка колекција со избирање на повеќе од 1.400 дела од најпознатите музеи и галерии низ целиот свет. The Frame во 2021 година исто така носи и зголемен простор за складирање на податоци од 6GB, во споредба со 500MB од 2020 година, така што корисниците можат да складираат до 1200 слики во UHD резолуција. 

Оваа година исто така е можно и прилагодување на самиот The Frame уред, со помош на Slim Fit Wall Mount опцијата за закачување на ѕид, како и уште пет други опции од други производители. Дополнително, The Frame сега е потенок од кога било претходно, со дебелина од само 24,9 mm, што е скоро идентична со дебелината на обична рамка за слика. Уште една новост е и My Shelf додатокот, кој на корисниците им дава можност да го прилагодат ѕидот на кој се уредот наоѓа – може да се прикачи на The Frame моделите од 55, 65 и 75 инчи и ќе биде достапен во беж, бел, кафеава и црна боја во текот на годината.

За корисниците на кои им недостасува кинематско искуство, тука е The Premiere троен ласерски проектор со 4K резолуција, што претставува следно ниво на домашно кино. Традиционалните проектори често се незгодни и комплицирани за монтирање, додека резолуцијата е често многу пониска од таа на телевизорот. Минималистичкиот дизајн на The Premiere проекторот со заоблени рабови се вклопува во секој дом, а Samsung им нуди на корисниците посебен платно за гледање, кое ќе биде подоцна оваа година.

Во 2020 година, Samsung ги пренесе своите врвни аудиовизуелни перформанси од внатрешноста на домот во задниот двор, со The Terrace уредот, кој е првиот Samsung телевизор дизајниран да се користи на отворено Овој модел го обезбедува целиот квалитет на кој се навикнати корисниците, а истовремено е и отпорен на временските промени, со IP55 рејтинг на отпорност на вода и прашина. Исто така, The Terrace е едноставен за монтирање и поврзување на кабловска и Wi-Fi мрежа. Уредот е достапен во големини од 55 и 65 инчи, а со новата Full Sun верзија од 75 инчи доаѓа ова лето.  

Идеален монитор за сите потреби – од работа до игра 

Важноста на поседување компјутерски монитори во 2020 година значително се зголеми – за многу корисници, ова значеше купување дополнителни екрани за различни потреби. Одеднаш, екраните што дотогаш се користеа за онлајн купување и сурфање на социјалните мрежи станаа многу важни за секојдневниот живот, бидејќи корисниците почнаа да ги користат за да извлечат максимум од деловната продуктивност, образованието и забавата. 

За да ги исполни овие потреби, Samsung го претстави Smart Monitor, кој го комбинира најдоброто што мониторот и телевизорот може да го понудат. Smart Monitor е компатибилен со Wi-Fi, Bluetooth, Wireless DeX и Apple AirPlay 2, така што корисниците можат да работат од било кое место, без да мора да се поврзат на компјутер. Со AirPlay 2, корисниците можат да емитуваат, управуваат и споделуваат содржина директно од својот iPhone, iPad или Mac уред, до екранот на мониторот. Кога сакаат да се релаксираат, корисниците можат да уживаат во своите омилени емисии со вклучување на Smart TV платформата и да пристапат до посакуваната апликација за емитување. Smart Monitor им помага на корисниците да бидат продуктивни кога им треба, но и да се забавуваат. 

Odyssey G9 минатата година привлече големо внимание. Сега, Samsung го подиа искуството на следно ниво со Quantum MiniLED технологија и врвни гејминг опции. Закривеноста на екранот 1000R, во комбинација со Quantum MiniLED технологијата, им носи на гејмерите незаборавно искуство. Новиот G9 се приклучува на Samsung понудата на заоблени и рамни Odyssey монитори за игри.

За да обезбеди нов начин за учење и работа, додека корисниците се безбедни, компанијата Samsung го претстави Samsung Interactive Display FLIP од 75 инчи – дигитална табла погодна за цртање, пишување и уредување содржина. Flip -таблата нуди опции за поврзување погодни за хибридна работа и едукативни активности, за корисниците полесно да ги постигнат своите цели, без разлика дали се во училница, канцеларија или во своите домови. Со оптимизираната 4K резолуција на слика и читливи визуали, група од најмногу 20 учесници може истовремено да работи, поврзувајќи ги своите уреди и споделувајќи содржина меѓусебно во реално време. Овој уред им овозможува на корисниците да гледаат презентација од наставник или колега како да се случува во живо пред нив, нудејќи можност за заедничка работа во безбедни околности, а доаѓа со големини од 55, 65, 75 и 85 инчи.  

Звук што ја следи прикажаната содржина во чекор 

Иако, Samsung телевизорите нудат одличен звук, ништо не го комплетира искуството со домашно кино како соодветен звучен уред. Q серијата на звучен уред за 2021 година се заснова на ексклузивната Q-Symphony технологија, која го усогласува звукот на Samsung телевизорите за да обезбеди тродимензионално искуство со звук.

За целосно, длабоко и богато аудио искуство, тука е Q950A со 11.1.4 системот на звучен канал, што корисникот го става во центарот на дејството на екранот. Новата опција Bass Boost ви овозможува да додадете уште поголема длабочина на звукот со само еден клик, а за сите оние кои сакаат да пуштаат музика од своите мобилни уреди, тука е Tap Sound опцијата која ги поврзува телефонот и звучникот со само еден допир . Q950A исто така одлично работи со различни гласовни асистенти како што се Amazon Alexa и Bixby. 

За повеќе информации посетете ја https://www.samsung.com/mk/explore/experiences/ces2021-the-first-look/.