Netflix додава нова мобилна опција која автоматски ќе ги презема препораките за емисии и филмови врз основа на историјата на гледање. Овој вид на функција, што ќе им овозможи побрзо предложување емисии и филмови на корисниците, првично ќе биде лансирана само за корисниците на Android. Се очекува позитивна реакција на корисниците, но никој не знае како ова навистина ќе влијае врз количината на меморија во уредите на гледачите, иако засега има само теоретски индикации.
Ќе треба да се најавите за користење на функцијата. Откако ќе се вклучите на табот за преземања, ќе морате да подесите колку простор – 1GB, 3GB или 5GB – сакате да користите. Повеќе простор е еднакво на повеќе преземени препораки на Netflix. Иако целиот каталог на Netflix е достапен со оваа функција, некои преземања ќе бидат ограничени поради ограничувањата за лиценцирање.
Платформата продолжува да ги подобрува своите можности за офлајн прегледување; Netflix во 2018. година го покрена Smart Downloads на Android, кој автоматски ги брише епизодите, откако ќе ги погледнете. Иако Преземањата за вас моментно се достапни само на Android, iOS верзијата наскоро ќе почне со тестирање. На растечкиот пазар на стриминг услуги, Netflix се обидува да се позиционира високо, бидејќи во моментов е една од најбрзорастечките гранки на конзумирање на мултимедијални содржини. Епидемијата на коронавирусот само придонесе овој пазар што е можно поскоро да се развие.